Скопјани пијат безбедна и квалитетна вода

Вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Според извештајот за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во Град Скопје, изминатата недела, водата била безбедна и квалитетна, информираат од ЈП „Водовод и канализација”.

– Секторот за санитарна контрола, во периодот од 30.11.2020 до 04.12.2020, зема 182 примероци за физичко-хемиска и 182 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 38 мерни места во Град Скопје, се наведува во соопштението на ЈП „Водовод и канализација”.

Согласно добиените резултати, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот