Скопјанец во „Aуди“ криумчарел 11 мигранти, скршил рампа во обид да избега

Фото: Телма

Скопјанец на 22 години е уапсен за криумчарење мигранти. Во неговото возило биле пронајдени 11 државјани на Сирија. Тој безуспешно се обидел да ѝ избега на полицијата, при што ја скршил рампата на патарината кај Демир Капија.

„Утрово во 6.10 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица и Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода И.Б.(22) од Скопје. При преглед во возилото „Aуди“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија, од кои дел малолетници. Претходно тој не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и со возилото  ја скршил рампата на наплатната станица. По преземени мерки возилото било запрено, по што И.Б. се обидел да избега, но бил фатен и приведен#, информираа од МВР.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а осомничениот е задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот