Скопјанец баран со потерница нападнал полицајци

Полиција / Фото: МИА

Скопјанец вчера околу 21.40 минути  нападнал полицајци при обид да биде приведен во Шуто Оризари. Деветнаесетгодишниот  Р.У бил баран по потерница поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик

На 31.08.2023 во 21.40 часот на ул.„Хаџи Јован Шишко”, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода Р.У.(19) од Скопје. Тој бил баран по потерница поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При лишувањето, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Претходно, на ул.„Брсјачка буна”, тој физички нападнал полициски службеници.

Р.У. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот