Фото: ФК Пчиња

Скандал во Сингелиќ: Претепан голман на ФК Пчиња, фудбалерите чекале полиција за да го напуштат селото

Несакани сцени на насилство го одбележаа вчерашниот натпревар од Третата лига – Север, помеѓу екипите на Фортуна и Пчиња, одигран во скопското село Сингелиќ. Натпреварот бил прекинат во 75. минута при резултат 1-1, откако гостинските фудбалери од Пчиња одбиле да продолжат поради брутален физички напад.

Според информации од клубот од Пчиња, ситуацијата ескалирала откако домашната публика прво вербално, а потоа и физички ги нападнала нивните поддржувачи, претежно роднини на фудбалерите. Но, инцидентите не застанале тука.

Најтешко поминал голманот Никола Стојановски кој бил удиран со клоци од неколку фудбалери сè додека не изгубил свест, а кога неговите соиграчи се обиделе да му помогнат и тие биле нападнати.

Судијата на натпреврот во тие моменти не презел ништо, па фудбалерите на Пчиња самоволно го напуштиле теренот и побарале полициска заштита. Тие ја чекале Единицата за брзи интервенции, за да бидат сигурни дека безбедно ќе го напуштат селото.

Голманот Стојановски веднаш бил пренесен во кумановската болница каде што останал и во текот на ноќта.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот