Скандал кој го насмеа Бразил: Соработник на Болсонаро парите од мито ги скрил во гаќите, ги најдоа извалкани

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро/ Фото: Aрхива на Слободен Печат

Бразилската полиција заплени куп пари кај соработник на претседателот Жаир Болсонаро. Парите се пронајдени, ни помалку ни повеќе туку во гаќите на политичар, што претставува удар врз претседателот, кој се претставува како борец против корупцијата, пренесува „Гардијан“.

Чико Родригез, заменик на првиот човек на Бразил во сенатот, наводно бил фатен со скриени купчиња пари во средата во текот на полициски претрес во неговиот дом. Рацијата била дел од операцијата против злоупотреба на средствата за ковид-19.

Два извори изјавија за весникот Естадо де Сао Паоло дека 30.000 реали (над 4.100 фунти) биле скриени во гаќите на Родригез, сенатор на амазонската држава Рораима.

„За да разберете колку ситуацијата била апсурдна, некои од доказите биле извалкани со фекалии“, извести Ревиста Крусо, конзеравтивен магазин кој ја објави приказната.

Родригез ги негираше обвинувањата, но не понуди објаснување за содржината на својата долна облека, навестувајќи дека ривалите се обидуваат да го извалкаат неговото име.

„Имам чисто потекло и угледен живот. Никогаш не сум бил вмешан во било каков скандал“, инсистираше 69-годишниот политичар.

Бразилскиот крајно десничарски претседател во 2018 година ја освои власта со ветување дека ќе го искористи политичкото крадење, после најголемата истрага за корупција во историјата.

„Не верувам дека има (корупција) во мојата влада“, рече Болсонаро во средата.

Неговата администрација ја прогонува скандал, а под сомнение е и еден од неговите синови Флавио кој раководел со долгогодишен рекет и корупција. Флавио Болсонаро ги негирал тие тврдења.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот