Скандал ја тресе српската кошарка: Играчи местеле натпревари, отворена истрага

Фото: EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Српската кошарка ја тресе скандал со местење на кошаркарски натпревари, а според информациите учествувале самите играчи, а дури 30 кошаркари се под сомневање дека соработувале во целиот скандал.

Директорот на кошаркарската лига на Србија, Александар Грујин изјави дека соработува со ФИБА за дисциплинската постапка да се реши во најкраток временски период.

„Со оглед дека дисциплинската постапка се уште е во тек, во овој момент не можеме да излеземе со детали за кои натпревари станува збор.

Во соопштението тој додава дека максимално ќе соработува со ФИБА со цел целиот случај да се реши.

„Одлучни сме во напорот да го исчистиме нашиот спорт од било какви манипулации и остро осудуваме било какво кршење на етичкиот ФИБА кодекс и ќе ги преземеме сите потребни мерки за обезбедување на интегритетот на натпреварувањето“, стои во дел од соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот