Синдромот Кавасаки во Албанија, откриен кај бебе починато од Ковид-19

Ковид амбуланта во Албанија. / Фото: МИА

Во Албанија, вчера, меѓу 15-те починати од Ковид-19 беше и 16- месечно бебе, јави дописничката на МИА од Тирана.

Во официјалното соопштение, Министерството за здравство и социјална заштита објави детали за смртта на бебето, споменувајќи ретка болест што ја влошила состојбата на детето.

Од таму потврдуваат дека детето починало како последица на Ковид-19 и оти било следено и третирано во ковид центарот во Клиниката за педијатрија, каде биле утврдени и клинички знаци на сидромот Кавасаки.

-Неговата состојба се влошила во рок од 24 часа и потоа беше испратено на интензивна терапија каде што, и покрај лекувањето со целосна терапија за третман и напорите на лекарите за реанимација, не можеше да преживее, како резултат на компликација (Мултисистемски воспалителен синдром), меѓу најретките компликации што се среќаваат кај децата како резултат на Ковид -19, стои во соопштението на Министерството.

Во Албанија вчера Ковид-19 беше дијагностоциран кај 836 лица, што е највиска бројка на заразени во еден ден, починаа 15 лица, исто така највиска бројка досега, додека во списокот на оздравени беа впишани 490 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот