Синдикатот на МКЦ апелира да се најде решение за повеќегодишно хонорарно ангажираните лица

Младински културен центар/ФОТО: Слободен печат

Синдикатот на МКЦ вчера одржал состанок, со цел да се најде решение во врска со последните случувања во институцијата за непродолжувањето на договорите на 30-тина повеќегодишни хонорарно ангажирани лица.

На состанокот, вработените во ЈУ Младински културен центар како синдикална организација по консултација со правни лица, доставилр барање до Државната комисија за спречување на корупција, Град Скопје, Министерството за култура, Советот на Град Скопје како и директорот и Управниот одбор на МКЦ со диференцијално толкување на спорниот член поради кој не беа продолжени договорите на хонорарно ангажираните лица во МКЦ, а поради кој е попречено нормалното функционирање на институцијата.

– Согласно законските одредби јасно произлегува дистинкцијата помеѓу доделените буџетски средства и приходите од самофинансирачки активности (сопствени приходи) со кои институцијата слободно може да располага заради остварување на своите активности и генерирање дополнителни приходи дури и по донесување на одлуката за распишување на избори, кое нешто го има вршено и Младинскиот културен центар преку ангажирањето лица по договори за дело заради функционирањето на Киното Милениум, Планетариумот, Бифето, програмата и слично, велат од Синдикатот.

МКЦ ги отфрла обвинувањата: Ги почитуваме законските прописи за хонорарните договори

Оттука, сметаат дека забраната за исплата на други исплати важи исклучиво за буџетските средства, а не и за располагањето со средствата обезбедени како сопствен приход.

– Во барањето стои и фактот што одредбата со забрана за располагање на буџетски средства за време на изборниот процес е укината со Одлука на Уставниот суд на Република Македонија на 17.05.2017 година, каде меѓу другото, Уставниот суд вели дека законодавецот во ниту еден закон го нема дефинирано поимот „располагање со буџетски средства“. Законска дефиниција на поимот располагање со буџетски средства не е содржана ниту во Законот за буџетите, ниту во законите за извршување на буџетите што се донесуваат секоја година, ниту пак во други закони од финансиската област, се вели во соопштението.

Од Синдикатот додаваат дека е јасно дека со забраната за располагање со буџетски средства предвидена не е и не може да биде опфатено располагањето со сопствените приходи, вклучувајќи ги и исплатите од сопствени средства по договорите за дело за физички лица кои континуирано помагаат за вршење на сопствените активности на Младинскиот културен центар од многу поодамна.

– Заради избегнување далекусежни последици по Младинскиот културен центар кои може да се рефлектираат како целосно замирање на културно – забавниот живот на градот, кратење на можноста за извршување на редовните активности и обезбедување средства од овие активности, како и обезбедување минимална егзистенција за физичките лица кои веќе повеќе години се ангажирани врз основа на договори за дело, Синдикалната организација на МКЦ испрати барање за нова препорака до директорот каде ќе биде наведено дека Младинскиот културен центар Скопје има право да ги користи средствата обезбедени од сопствени приходи согласно свое наоѓање, односно за континуирано вршење на сопствените програмски активности и за време на предизборието, затоа што животот и за време на избори сепак тече. Искрено се надеваме на итна реакција од повиканите и надлежни институции, како би можело повторно да се врати нормалното функционирање на МКЦ, се додава во соопштението.

30 хонорарци денеска се избркани од МКЦ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот