Симулации и проценки на научниците за крајната можна бројка на починати од коронавирусот

Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Бројот на починати од пандемијата на коронавирусот во светот би можел да нарасне на 1,8 милиони луѓе oваа година, и покрај строгите мерки, покажа истражување на британскиот Империјал Колеџ, објавено вчера.

Научниците проценуваат дека владите можат да спасат десетици милиони животи ако брзо делуваат и воведат строги мерки за заштита на јавното здравје како што се тестирањата, карантините и социјалното дистанцирање.

Последниот извептај на лондонскиот Имерпијал Колеџ, чии претходни истражувања ја уверија британската валда да заземе построг пристап во борбата против вирусот, објавен е додека во светот се заразени повеќе од 540 илјади, а починаа повеќе од 24 илјади луѓе.

Коронавирусот го испразни Лондон /26 март 2020, Лондон, Велика Британија/Фото:EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Симулациите на британскиот универзитет се темелат на моменталните податоци за силата на вирусот, неговата заразност и стапка на смртност, како и демографските и општествените фактори.

Проекцијата за сценариото во кое владите не интервенираат предивидува дека Ковид-19 оваа година би ги заразил сите жители на светот и би однел 40 милиони животи.

Извештајот потоа разгледува неколку нивоа на одговори, од спонтано социјално дистанцирање до строг карантин каков што моментално се спроведува во најтешко погодените држави.

Ако тие мерки се воведат навремено, што неделно би резултирало со смрт на 0,2 жители на 100.000, проекциите покажуваат дека би починале 1,86 милиони луѓе, а речиси 470 милиони во 202 држави би се заразиле.

Ако пак мерките се воведени предоцна, и умираат 1,6 жители на 100.000, конечната бројка значително расте, на 10,45 милиони смртни случаи и 2,4 милијарди заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот