Симната ознаката тајно: Извештај на американското разузнавање за потеклото на Ковид

epa-efe
Доктори / Фото: EPA-EFE/MC2 SARA ESHLEMAN/US NAVY HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Американските разузнавачки агенции велат дека можеби никогаш нема да можат да го идентификуваат потеклото на СОВИД-19, но заклучиле дека тој не е создаден како биолошко оружје, пишува Би-би-си.

Во ажурираната проценка за тоа каде започнал да се шири вирусот, Канцеларијата на директорот за национално разузнавање на САД (ODNI) изјави дека преносот од животно на човек и лабораториските протекувања се убедливи хипотези за тоа како се шири, но дека , нема доволно информации за да се донесе конечен заклучок. Кина експресно упати критики за извештајот нарекувајки го тендециозен и непријателски.

Наодите беа објавени во декласифициран извештај, што претставува ажурирање на 90-дневниот преглед објавен од администрацијата на претседателот Џо Бајден во август.

Во извештајот се наведува дека разузнавачката заедница сè уште е поделена околу најверојатното потекло на вирусот. Четири спецјализирани агенции го оценија со „мала доверба“ дека е предизвикано од заразено животно или поврзан вирус.

Ковид-19 / Фото: Илустрација

„Лабораториска несреќа?

Но, сепак една од ангажираните агенции наведува дека има „умерена доверба“ дека првата инфекција кај луѓето најверојатно била резултат на лабораториска несреќа, која најверојатно вклучувала експериментирање или ракување со животни од страна на Институтот за вирологија во Вухан.

Во извештајот се наведува и дека кинеските власти не биле свесни за постоењето на вирусот пред почетната епидемија на СОВИД-19 во градот Вухан, кон крајот на 2019 година. Но, се вели дека Кина продолжува да ја опструира глобалната истрага и да се спротивставува на размената на информации.

Кинеските власти ги поврзаа раните случаи на СОВИД-19 со пазарот на морска храна во Вухан, што ги доведе научниците до теоријата дека вирусот прво се проширил на луѓето од животните.

Ковид Њујорк/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Но, , првичните извештаи на американските медиуми сугерираа зголемени докази дека вирусот наместо тоа би можел случајно да излезе од лабораторијата во Вухан.

 

Наредба на Бајден

Во август, претседателот Бајден им нареди на разузнавачите да го истражат потеклото на вирусот, вклучително и теоријата за лабораториско истекување, што Кина ја целосно ја отфрла.

Одговарајќи на разузнавачки извештај, кинеската амбасада во Вашингтон во официјално соопштение за Ројтерс информираше :

„Потегот на Соединетите Држави да се потпрат на својот разузнавачки апарат наместо на научниците да го следат потеклото на СОВИД-19 е целосна политичка фарса“.

„Ние ги поддржуваме напорите засновани на наука во пронаоѓањето на потеклото и ќе продолжиме да бидеме активно вклучени. Сепак, ние силно се спротивставуваме на обидите да се политизира ова прашање“.

Во светот се потврдени околу 240 милиони случаи на инфекција со коронавирус, со повеќе од 4,9 милиони смртни случаи предизвикани од СОВИД-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот