Симболично сечење на бадникови гранчиња во Говрлевска Краста

Бадник кумови
Фото: МИА

Со симболично сечење на бадникови гранчиња во месноста Говрлевска Краста на јужните падини на Водно, денеска започна годинашната прослава на Бадник, што по 31-ви пат ја организира Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје”.

Првото бадниково гранче го пресекоа кумовите и здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски-јуниор и Иве Стевков, како и ланските кумови и здравичарот, Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин.

Потоа им се придружија градоначалниците на Скопје и Центар, Данела Арсовска и Горан Герасимовски и поранешни кумови, здравичари и поканети гости.

Арсовска на сите оние кои што ги чествуваат претстојните празници им упати порака за благостостојба, здравје и среќа, а Герасимовски посака да се продолжи традицијата.

– Еднаш бадникар, цел живот бадникар, рече Драган Спасов Дац, дополнувајќи „со овие луѓе добиваш не само пријатели, добиваш роднини, браќа, сестри”.

По закаструвањето на бадниковите гранчиња присутните седнаа на традиционалниот посен ручек, а кумовите и здравичарот поделија векни леб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот