Силното невреме остави стотици илјади луѓе без струја во САД

Невреме во САД / Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Стотици илјади луѓе во повеќе сојузни држави во САД останаа без струја, а во некои делови од земјата е воведена вонредна состојба поради силните бури кои се во опасност да се претворат во торнадо, пренесува Си-Би-Ес Њуз.

Во текот на ноќта силно невреме го погоди градот Џеферсонвил, во сојузната држава Џорџија, како и државата Индијана, а бројот на повредени на оделни места не надминува десет.

Има сомнежи дека вп местото Тула, во сојзунаат држава Оклахома, еден смртен случај е поврзан со невремето.

Во четири окрузи во централна Флорида, каде живеат околу 6,5 милиони лица, важи предупредување за опасност од торнадо, со ветрови од 110 километри на час.

Синоптичарите предупредуваат дека силните бури „способни да произведат неколку торнада“ денеска би можеле да ги погодат источна Вирџинија и Северна Каролина.

Во вторникот, 16 торнада беа пријавени на државните метеоролошки агенции во Кентаки, Илиноис, Тенеси, Охајо, Алабама и Џорџија.

Во Тенеси, околу 40.000 домови и деловни објекти останаа без струја откако гром удри во трафостаница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот