Силниот ветер го одложи машкиот спуст

Машкиот спуст е презакажан за утре/ фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Спустот во машка конкуренција кој требаше да се одржи денеска на Зимските олимписки игри во Пекинг, е одложен поради силниот ветер.

Организаторот на ЗОИ претходно го одложи спустот за три часа, но бидејќи и потоа немаше услови за скијачите да се чувствуваат безбедно, одлучено е трката да се одложи за еден ден.

Сега, машкиот спуст ќе се одржи во понеделник, а стартот на натпреварувањето е закажано за 5 часот наутро по средноевропско време. Утре ќе се одржи и женската трка во велеслалом.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот