Силјановска Давкова: Интонирањето на химната трае подолго од говорите на Пендаровски на неговите митинзи

Гордана Силјановска Давкова на митинг во Струмица/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Изборната кампањата за Претседател на Република Македонија на кандидатката професор д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва, беше заокружена со митинг во Струмица.

„Имам впечаток дека сегашниот претседател толку многу општини поминува во текот на денот што химната изгледа како подолга од неговите говори. Веројатно затоа знаете што правеа? Ја кратеа химната многупати, не само за да завршат порано со говорите, туку и да бидат во хармонија со должината на времето оти немаат што да кажат, немаат со што да се пофалат, па затоа и немаат ниту Извештај, ниту отчет и некако се лути. Замислете? Наместо граѓаните да изразат лутина, тие пред нив им велат дека ,ако не гласате за мене, нема да ве посетам’. Немам зборови! Сите ние треба да се запрашаме од кого ни извира легитимитетот, да се запрашаме зошто не се за нас граѓаните, да ветиме дека што и да се случи Вие граѓаните ќе останете најпочитуваните. За мене, верувајте ми, и патот до успехот е, исто толку, важен како и успехот. Зошто? Бидејќи патот е невозможен без средби со Вас. Тие мене ме вознемируваат, пријатно, ме подмладуваат. Како што ветерот вечерва е прекрасен, така мислат дека ги чувствувам Вашите мисли, Вашите емоции, Вашите вибрации и Вие сте мојата граѓанска инспирација, рече на митингот во Струмица претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова.

Таа во својот говор се осврна на анкетите кои власта ги нарекува фалсификувани, а за опозициската ВМРО-ДПМНЕ се веродостојни.

-Ама сите анкети покажуваат дека народот не им верува. Анкетите имаат просветителска улога. Јас, да бидам искрена, и претходно и сега и во иднина, се разбира дека ќе им верувам на анкетите, бидејќи самата сум учела како се прават. Знам дека тоа го прават квалификувани луѓе. И, сега замислете, не се релевантни анкетите, ама не презентираат ни анкети порачани од нив и изработени од било кои квалификувани анкетни организации. Срамота! До таа мерка да се релативизира сè, па дури и науката не е во ред. А, што велат анкетите? Тие велат дека над 70% од граѓаните јасно тврдат дека оваа власт чекори во погрешен правец, дека го промашила правецот. Тоа не се европски чекори. Европските чекори би значеле потрага по стандарди што ги немаме, потрага по правна држава, потрага по безбедна држава, потрага по држава која што има чувство за солидарност, рече Силјановска Давкова.

-Граѓаните велат дека се несреќни. Се срамам од тоа што живеам во држава каде што народот се смета за еден од најнесреќните. Јас мислам дека има причини за среќа. Јас имам надеж за среќа ама најпрво треба да ја тргнеме таа несреќа. Тие се несреќа во политиката, во економијата, во образованието, во науката, во социјалната заштита. Да, тие се најсреќните луѓе, ама меѓу најнесреќниот народ, нагласи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот