Сијарто: Откако Бугарија го укина данокот на руската нафта, Унгарија ја пушта во Шенген

Петер Сијарто/ Фото: EPA/VASSIL DONEV

Унгарија ќе го повлече своето противење за влез на Бугарија во европската Шенген зона за слободно движење штом официјално биде објавена одлуката на Парламентот во Софија за укинување на данокот за транзит на руски гас, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, пренесува Бета.

„Вчера бев информиран од мојот бугарски колега дека бугарскиот парламент го укина тој закон“, рече Сијарто во видеото на неговата Фејсбук страница, пренесува Ројтерс. Тој рече дека кога законот ќе биде објавен во службениот весник на Парламентот во петок – очекувано – Унгарија ќе се откаже од своето противење за прием на Бугарите во Шенген зоната и ќе побара од Европската комисија да ја прекине процедурата што ја започна Будимпешта. Бугарија во октомври годинава воведе транзитна такса од 10 евра за мегават час за рускиот гас, што наиде на критики од Унгарија, чиј министер за надворешни работи го нарече „непријателски“ потег.

Унгарското Министерство за надворешни работи минатиот викенд објави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната доколку данокот на гас остане на главната увозна рута за Унгарија. Бугарскиот парламент вчера донесе одлука за укинување на данокот за увоз и транзит на руски природен гас низ Бугарија. Шенген зоната на слободно движење вклучува 23 од 27 земји на Европската унија, како и Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот