Сицилија сака да ги затвори прифатните центри за мигранти поради коронавирусот

Фото: EPA

Во неделата на Лампедуза имало околу 1.200 мигранти, а триста во петокот биле премесетени во прифатни објекти на Сицилија.

Претседателот на италијанскиот регион Сицилија, Нело Мусумеци, денеска се спротивстави на одлуката на италијанската влада, издавајќи наредба за затворање на сите прифатните центри за мигранти во регионот и нивно масовно протерување од таму, зошто смета дека нивната присутност би можела да предизвика ширење на коронавирусот.

Извор близок до италијанското министерство за внатрешни работи веднаш појасни дека таа регионална мерка не е добра зошто одлуката е во надлежноста на државата.

„Утре до полноќ сите мигранти кои се наоѓаат во прифатните центри на Сицилија мора да бидат преместени во објекти надвор од островот“, стои во декретот на претседателот Мусумеци долг 30 страници.

Во него стои и дека на сите мигранти им се забранува „влез, транзит или запирање на подрачјето на Сицилија со нивните бродови и гумени чамци, вклучувајќи ги и оние кои им припаѓаат на невладините организиации“.

Својата одлука Мусумеци ја објасни со фактот според кој „невозможно е да се гарантира нивниот престој на островот во склад со санитарните мерки воведени поради спречување на ширењето на заразата“.

На функцијата претседател на регионот Мусимеци дојде благодарение на поддршката на екстремно десно ориентираните италијански политичари и сојузи. Поддршка на неговата одлука очекувано даде и шефот на крајната италијанска десница и претседател на Лигата, Матео Салвини.

Бројни бродови и чамци со мигранти, повеќето од Тунис и натаму престојуваат на островот Лампедуза, јужно од Сицилија. Во неделата на Лампедуза имало околу 1.200 мигранти, а триста во петокот биле премесетени во прифатни објекти на Сицилија.

Повеќе десетици мигранти сместени во сицилијанските центри последните неколку недели имале позитивен тест на коронавирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот