Си Ен Ен: Директорот на Фајзер ги продаде акциите и заработи 5,6 милиони долари

epa08810226 A person walks past the headquarters of the pharmaceutical company Pfizer in New York, New York, USA, 09 November 2020. Pfizer announced earlier on the same day that a coronavirus vaccine it was developing with the German drugmaker BioNTech was showing a 90 percent effectiveness in preventing COVID-19 earlier trials. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Генералниот директор на „Фајзер”, Алберт Бурла ги продаде своите акции на денот кога беше објавено дека вакцината против коронавирусот на оваа фармацевтска компанија е ефикасна 90 проценти и инкасираше 5,6 милиони долари, јави Си Ен Ен.

Трансакцијата направена од директорот на Фајзер е дел од редовниот план на Бурла за периодично  продавање на своите акции.

Овој пат, тој продаде 132.508 акции по цена од 41,94 долари и заработи близу 5,6 милиони долари, додава Си Ен Ен.

Потпретседателката на Фајзер, Сали Сузман, исто така продаде акции во понеделникот, како дел од претходно направениот план – за 43.662 акции, таа заработи околу 1,8 милиони долари.

Акциите на „Фајзер” скокнаа за осум проценти во понеделникот, додека во вторникот не се променија.

Акциите на компанијата „Бионтек“, кои работеа на вакцината со „Фајзер”, скокнаа уште повеќе, и забележаа раст од 15 проценти во понеделникот, а осум дополнителни во вторникот.

Акциите на „Фајзер” денеска паднаа за еден процент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот