Шулце: Германија ветува 200 милиони евра помош за внатрешно раселените лица во Украина

Бегалци од Украина,

Германија ќе и даде на Украина дополнителни 200 милиони евра за финансирање на програмата за помош на внатрешно раселените лица низ Украина како резултат на руската инвазија, изјави министерката за развој Свења Шулце за „Функе Медиа Груп”.

Украинскиот премиер Денис Шмихал утре ќе го посети Берлин, каде ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.

-Ќе разговарам со премиерот Шмихал за тоа како можеме да продолжиме да ја поддржуваме украинската влада во грижата за прогонетите, рече Шулце.

„Парите се наменети за помош на внтарешно раселените лица во Украина за да можат да си ги обезбедат основните потреби” , додаде таа.

Од почетокот на руската инвазија в рз Украина па се до 23 август околу седум милиони Украинци се видат за внатрешно раселени, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации.

Минатиот месец, претставник на германската Влада изјави дека Европската унија има намера до септемрви да состави финансиски пакет за Украина во вредност од околу осум милијарди евра, во кој ќе партиципира и Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот