Штрајкот на просветарите од Хрватска продолжува, синдикатите ја одбија понудата од Владата

Вработените во хрватските основни и средни училишта на дводневното изјаснување со големо мнозинство гласови ја одбија понудата на владата за прекинување на штрајкот, објавија денеска претставници на училишните синдикати.

За владината понуда, во основните училишта излегле 31.670 вработени, од кои над 95 проценти гласаа против, додека во средните училишта од 14.046 излезени на галсање, 88,93 проценти ја отфрлија понудата на владата.

Претходно денеска беше објавено дека 88 проценти од членовите на синдикатот за образование Препород го отфрлија предлогот на владата за решавање на проблемот со јазот во платите во образованието преку зголемување на основата, а не со коефициентот за сложеност на работата, што се бара од почетокот на протестите на 10 октомври.

Како резултат на изјаснувањето, продолжува генералниот штрајк во основните и средните училишта, за време на кој досега немаше настава околу 20 дена.

Претседателот на Независниот синдикат на средни училишта, Бранимир Михалинец, рече дека резултатите од изјаснувњето покажале дека вработените во образованието не сакаат да се ценкаат и дека сакаат да го решат својот статус преку коефициенти.

– Не се важни бројките, важни се коефициентите. Тие ги одредуваат статусот и позицијата. Не можам да верувам дека Владата, ако е подготвена да издвои средства преку додатоци, тоа не може да го направи преку коефициенти, истакна Михалинец.

Набрзо откако беше одбиена владината понуда, преку соопштение се огласи ресорната министерка Блаженка Дивјак.

„Дијалогот меѓу Владата и синдикатите мора итно да продолжи поради учениците, кои со денешниот ден изгубија 15 денови настава, како и поради учителите и останатите вработени, кои многу јасно испратија порака на незадоволство од понудата на Владата. На коцка се многу работи и поради тоа треба да се пронајдат храбри и брзи решенија”, се посочува во соопштението од хрватската министерка за образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот