Фото: George Dolgikh/Pexels

Што треба да јадете пред испит кога ве „дрмаат“ стресот и нервозата? Јајцата ве држат будни…

Сигурно многумина од вас мака мачат со стресот и нервозата поради претстојните тестови, испити и колоквиуми, кои за многумина претставуваат вистински кошмар. Нервозата, стресот, заборавеноста, блокадата на мозокот и големите очекувања си го земаат својот данок. За среќа, постои решение и за тие проблеми.

Освен  што треба да го научите зададениот материјал, пред тестовите и испитот, не би било лошо да внимавате каква храна внесувате во себе и да промените некои животни навики. Овие непријатни чувства, кои го раздрмуваат организмот пред секој испит, можете да ги победите со правилен избор на одредени продукти кои ќе ве смират, ќе ви дадат енергија и ќе ја зголемат вашата концентрација.

Кога сте под стрес пред испитот доаѓа до опаѓање на нивото на витамин Ц во вашето тело, а тоа ве прави почувствителни. Јадете портокали, киви или лимони. Портокалите, освен овој витамин, ќе ве обезбедат и со фолна киселина која е неопходна за здрав организам.

Спанаќот секако треба да се најде на вашата трпеза кога се подготвувате за важните испити или тестови. Овој зеленчук е богат извор на железо и калциум, како и на витаминот А. Железото го јакне имунитетот и ги подобрува когнитивните способности и развојот, бидејќи е важен во процесот на создавање на хемоглобинот и основните ензими. Калциумот ги јакне коските, а витаминот А го ублажува заморот во очите.

Не заборавајте ја водата во ниеден случај. Таа му помага на варењето и е добра за бубрезите. Водата помага во регулирањето и одржувањето на нормалната телесна температура, важна е за користење на енергијата, будноста и општото телесно и ментално работење. Телото секогаш треба да има доволно вода, а кога сте под стрес, често заборавате дали и колку сте жедни.

Протеините, кои се содржат во јајцата, млечните производи и месото, треба да ги внесувате на дневна база. Тие ги јакнат мускулите, ве држат будни, активни и во форма.

Добрите јаглехидрати во форма на житарки, распоредени во помали порции во текот на денот, ќе ви дадат довoлно енергија да ги победите испитните маки. Оваа храна ќе ве обeзбеди со енергија во текот на целиот напорен ден, така што ќе можете да го издржите без проблеми.

Млекото е еден од најважните хранливи продукти за секој човек. Идеалната количина на калциум изнесува 600 мг дневно за секој ученик, а студентите можат да консумираат и повеќе. Калциумот е важен за телесниот развој, а воедно го јакне и имунитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот