Што се случува кога навивач на Интер ќе се погледне во огледало? (ВИДЕО)

фото: принтскрин/фејсбук

Италија е една од најпогодените земји од Ковид-19, а фудбалската Серија А е исто така одложена и не е познато кога сезоната би била продолжена.

Многу спортски, фудбалски натпреварувања се одложени, прекинати поради пандемијата на коронавирусот, луѓето ширум светот се изолирани со цел да се спречи ширењето на заразата.

Италија е една од најпогодените земји од Ковид-19, а фудбалската Серија А е исто така одложена и не е познато кога сезоната би била продолжена.

Едни велат дека сезоната треба да се поништи, други дека автоматски треба да му се титулата на моментно првопласираниот на табелата (тоа е Јувентус), но со ваквите опции сигурно особено нема да се согласи римскиот Лацио.

Се сугерира во текот на летниот период да се играат преостанатите дуели, иако се знае тие би биле одиграни во многу краток период со оглед на тоа што веќе треба да се започнат подготовки и за наредната сезона 2020/21.

Иако Белгија тоа веќе го направи, од УЕФА порачаа да не се прекинуваат националните првенства. Јувентус до прекинот на сезоната водеше со 63 бодови, само еден повеќе пред второпласираниот Лацио.

Во Италија моментно фудбалот не е во преден план, но затоа во меѓувреме имаше „конфликт“ меѓу газдите на Јуве и Лацио.

Интер во првиот дел од сезоната водеше во генералниот пласман, но потоа покажа лоши резултати и падна на третата позиција со 54 бодови.

Секако и „неро-аѕурите“ се и натаму во трка за шампионската титула, а еден Италијанец направи видео кое може ќе ве насмее. Како тоа изгледа навивач на Интер кога ќе се погледне на огледало, а таму истиот тој, но во дресот на Јувентус и посреќен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот