Газдите на Јуве и Лацио во конфликт: Сега стана и искусен виролог!

фото: твитер

Во Јуве, секако, не би имале ништо против тоа сега да биде завршена сезоната, но од друга страна тоа не го сакаат „небесно-сините“ од Рим.

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, во тензична атмосфера разговараа за време на состанокот за судбината на натпреварувачка сезона во Серија А.

На средбата се разгледуваше и можноста за предвремено прекинување на првенството, пренесува „Тутопорт” .

– Дали сте ги виделе податоците? Вирусот се повлекува! Разговарам со вистински експерти, луѓе кои се во првите редови, а не со докторите на фудбалските клубови – беа зборовите на Лотито.

Не се чекаше долго на одговорот на Андреа Ањели: „Секако, секако…Сега стана стана и експерт во вирологија“.

Во Јуве, секако, не би имале ништо против тоа сега да биде завршена сезоната според актуелната состојба во генералниот пласман. Од друга страна, „небесно-сините“ не го сакаат тоа, бидејќи до прекинот на шампионатот имаа одлични резултати.

На табелата водеше бранителот на титулата Јуве со 63 бодови, еден повеќе од римскиот клуб на втората позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот