Што нè очекува летово: Доаѓаат пеколни горештини и разорни бури

Метеоролошкиот сервис AccuWeather ја објави временската прогноза за цела Европа за летото што доаѓа. Како што најавуваат, на поголемиот дел од Европа му се закануваат опасни топлински бранови, додека во Југоисточна Европа се очекуваат силни невремиња.

„Иако делови од Балканот нема да бидат имуни на топлинските бранови, екстремната жештина ќе биде ограничена“, пишува AccuWeather .

Додека поголемиот дел од Европа ќе биде под удар на сушно време и топлински бранови, на поголемиот дел од Југоисточна Европа му се закануваат силни невремиња со грмотевици. Силните невремиња се очекуваат најмногу во попладневните и вечерните часови. Најголема опасност ќе донесат орканските ветрови и поплавите. Топлотниот бран ќе биде подолг отколку минатото лето.

Во Македонија првата половина од јуни времето ќе биде претежно облачно со сончеви периоди и можни врнежи во попладневните часови.

Повисоки температури се очекуваат во втората половина на месецот, а високи температури ќе се задржат до крајот на јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот