Што ќе се случи со телото ако престанете да пиете алкохол 30 дена? Одговорот може да ве изненади

алкохол
Фото: Unsplash

„Sober October“ е глобална акција која поттикнува апстиненција од алкохол во текот на целиот месец. Иако „Трезен октомври“ не звучи толку добро, јасно е за што се зборува. Има многу кои се откажале од алкохолот во текот на овој месец за да учествуваат во оваа кампања. Овој предизвик трае 31 ден, а сите средства кои ќе се соберат за време на кампањата одат за лекување на ракот, а идејата потекнува од Британија. Сигурно и оваа акција е добар начин да го ресетирате вашето тело и да го исчистите од алкохолот кој можеби сте го внесувале во прекумерни количини во текот на летото, пишува „Ординација.хр“.

Што ќе се случи со телото ако престанете да пиете алкохол 30 дена?

„Постојат многу здравствени придобивки кои ќе настапат како резултат на апстиненција од алкохол за еден месец“, вели Ешли Лоеб Бласингем, една од основачите на програмата за закрепнување, додавајќи дека апстиненцијата ќе се покаже како добра за сите на некој начин, но можете да сметате на многу подобар сон, подобра меморија, подобар имунитет и помал ризик од развој на рак.

Можеби ќе ве изненади што ќе дојде до губење на килограмите ако престанете да пиете алкохол, но не заборавајте дека алкохолот често значи и многу калории.

„Општо земено, за четири недели ќе дојде до зајакнување на имунолошкиот систем, меморијата ќе биде подобра, промените во расположението ќе исчезнат, ќе ослабете, ќе имате чиста кожа и ќе бидете помалку импулсивни во реакциите. Ова се само дел од придобивките од апстиненцијата од алкохол“, вели д-р Лоренс Вајнштајн, директорка на центарот за зависности. Таа додава дека тука има и невролошки придобивки од апстиненцијата, од кои некои ќе се забележат во рок од 7 дена, но многу посилно по еден месец.

Пиењето алкохолни пијалаци е фактор на ризик за појава на бројни хронични заболувања и се поврзува со појава на некои малигни заболувања кои се во пораст, како што се: рак на дојка, црн дроб, дебело црево, желудник, панкреас, хранопроводник. Во борбата против незаразните хронични болести, Светската здравствена организација (СЗО) намалувањето на штетното консумирање алкохол го стави како една од приоритетните цели до 2030 година. Во спречувањето на штетното консумирање алкохол, СЗО препорачува сеопфатни интервенции насочени кон: намалување на достапноста, информирање на населението за ризиците, намалување на побарувачката и интервенции на здравствените служби за рано препознавање на ризикот и навремено лекување.

Според податоците на Светската здравствена организација, европскиот регион е регион со најголема потрошувачка на алкохолни пијалаци во светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот