Што ќе се случи ако изедете повеќе од седум мандарини дневно?

Фото: Профимедиа

Мандарините се овошје кое е богато со витамин Ц, тие обезбедуваат дури 80 отсто од дневната потреба за овој витамин.

Витаминот Ц може да го забави развојот на болести на дебелото црево, а исто така влијае на астмата, остеоартритисот или ревматоиден артритис.

Покрај тоа, мандарините се богати и со витамини од гупата Б, калциум, магнезиум, цинк и калиум. Исто така, тие ја стимулираат функцијата на мозокот и придонесуваат за подобра меморија, а препознатливи се и по својот пријатен мирис и освежувачкиот вкус. Затоа, речиси секој човек во овој период од годината, односно во нивната сезона, посегнуваат по мандарините, а неретко знаеме да изедеме и повеќе мандарини дневно.

Сепак, како што треба во сѐ да се биде умерен, таков е случајот и со мандарините, и покрај многубројните здравствени придобивки коишто ги има ова цитрусно овошје.

Tреба да внимаваме на бројот на мандарини што ги јадеме во текот на денот. Имаат 72 калории на 100 грама, што е приближно колку 2 мандарини. Познато е дека содржат многу шеќер. Тоа се едноставни шеќери кои лесно се апсорбираат. 

Но, кога ќе изедете повеќе од седум мандарини тоа може да влијае на зголемено ниво на шеќер во крвта, а преголемото ниво на фруктоза може да доведе до добивање вишок килограми.

Затоа, уживајте во мандарините, но со мерка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот