Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/imdb

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Official Competition – Филм на „HBO“

Еден богат бизнисмен најмува невротичен режисер за да го претвори неговото врвно достигнување во брилијантен уметнички филм.

Жанр: комедија/ драма / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 96%

Locke & Key – Серија на „Netflix“

По убиството на нивниот татко, тројца браќа и сестри се вселуваат во куќа исполнета со магични клучеви што ја превртуваат реалноста. Приказна од стриповите на Џо Хил и Габриел Родригез.

Жанр: фантазија/драма / IMDB оценка: 7.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 74%

Peacemaker – Серија на „HBO“

Поаѓајќи од местото каде што застана „The Suicide Squad“, Писмејкер се враќа дома опоравувајќи се од средбата со Блодспорт – само за да открие дека неговата слобода има цена. Тој се бори за мир, без разлика колку луѓе треба да убие за да го добие.

Жанр: акција / IMDB оценка: 8.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 94%

Look Both Ways – Филм на „Netflix“

Во пресрет на нејзиното дипломирање, животот на Натали дивергира во две паралелни реалности: едната во која таа останува бремена и мора да се справи со мајчинството во нејзиниот роден град во Тексас, а другата во која се преселува во Лос Анџелес за да ја продолжи својата кариера.

Жанр: комедија/драма/ IMDB оценка: 6.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 47%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот