Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Nothing to Hide“ – филм на Нетфликс

Неколку парови играат игра за време на вечерата – секој мора да го сподели секој текст, телефонски повик и е-пошта со другите. Играта наскоро станува кошмар.

Жанр: комедија/драма / „IMDB“ оценка: 8.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 83%

„Boy Swallows Universe“ – серија на Нетфликс

Во соба под неговата куќа во осумдесеттите години, Ели Бел одговара на црвен телефон и започнува патување кое ќе му го скрши срцето пред да го заврши.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 86%

„No Hard Feelings“ – филм на Ејџ-би-о

32-годишната Меди се пријавува на еден оглас од „Крегслист“ од двајца родители кои бараат некој да глуми девојка за нивниот срамежлив син.

Жанр: комедија/романса / „IMDB“ оценка: 6.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 70%

„The Tourist“ – серија на Ејџ-би-о

Кога Британец се буди во австралиска пуста област без сеќавање, тој мора да ги искористи индициите што ги има за да го открие својот идентитет. „Туристот“ е мистериозен трилер полн со шокантни, изненадувачки, смешни и брутални пресврти.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 97%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот