Шри Ланка: Екстремисти се разнеле кога упаднала полицијата, пронајдени 15 тела меѓу нив 6 деца (ВИДЕО)

фото EPA-EFE/M.A. PUSHPA KUMARA

Безбедносните сили на Шри Ланка пронашле 15 тела, вклучувајќи и шест деца во скривница на екстремистите кои ги активирале бомбите за време на полициска рација.

Полицијата делувала по анонимна дојава дека во скривница во градот се кријат екстремисти поврзани со нападот на црквите и хотелите во Шир Ланка во кои загинаа повеќе од 300 лица.

Според зборовите на потпаролот на полиција, екстремистите отвориле оган врз полицијата и активирале три бомби. Запалена е облека како и знамиња на исламската држава.

Пронајдени се дронови, околу 150 експлозивни стапови и 100.000 рачни бомби и најмалку еден градник за експлозив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот