Шпионажа на Корејскиот полуостров: Американски шпионски авион во близина на Северна Кореја

Фото: EPA/HO

Американски шпионски авион утрово прелетал во близина на Корејскиот Полуостров, во обид да ја надгледува Северна Кореја, објави јужнокорејската служба за следење на авионите.

Како што објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, американскиот авион Е-8Ц „Џоинт старс” (Joint stars) е забележан на небото над Жолто Море. Истиот авион е забележан како изведува операции во саботата, исто така, над Жолто Море.

Авионот надлетува во близина на Северна Кореја по наводите дека Пјонгјанг би можел да тестира ново оружје непосредно пред претседателските избори во САД што се закажани на 3 ноември.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 10 октомври најави дека ќе продолжи да го зајакнува одбранбениот систем на земјата, а на воената парада во Пјонгјанг беше презентирана нова интерконтинетална балистичка ракета.

Пјонгјанг и Вашингтон минатата година ги прекинаа разговорите за севернокорејската нуклеарна програма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот