Шпигел онлајн: Вонредна ситуација во Бундесверот поради наглото зголемување на нови случаи на заразени со ковид-19

Бундесверот се подготвува за вонредна ситуација поради наглото зголемување на бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во Германија/ Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Бундесверот се подготвува за вонредна ситуација поради наглото зголемување на бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во Германија, и како што објави Шпигел онлајн, генерал-полковник Мартин Шелаис, инспектор на Здружените сили за поддршка на Бундесверот, наведува дека во план е мобилизирање до 12.000 војници за поддршка на преоптоварените клиники и локалните здравствени власти што е можно поскоро.

Војската ќе помогне за засилени вакцини и ширењето на брзите тестови во домовите за стари лица и болниците.До крајот на ноември во борбата против пандемијата ќе учествуваат до шест илјади војници, а до Божик се очекува бројката да се удвои, пишува весникот. Досега федералните покраини Баварија, Саксонија и Тирингија веќе побараа воена помош. Според весникот, во најкритичните фази на пандемијата во Германија – зимата 2020 година и пролетта 2021 година, речиси 10 илјади војниците им помогнале на здравствените власти.

Кризниот штаб на Бундесверот верува дека, врз основа на искуството со ширењето на коронавирусот во Германија, може да предвиди релативно точни случувања. Според нивните пресметки, четвртиот бран на пандемијата ќе го достигне својот врв во земјата до Божик. Не се очекува подобрување на состојбата пред почетокот на февруари.

Во ноември, бројот на нови случаи на коронавирус во Германија достигна највисоко ниво од почетокот на пандемијата. На 14 ноември, Институтот Роберт Кох објави 33.498 нови случаи на заразени со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот