Шпанија утре ќе го депонира ратификациониот инструмент во Вашингтон

– Ќе покажеме дека можеме да бидеме достојна земја членка, која заедно ќе го носи товарот и ќе може да ги ужива бенефициите од тоа членство. Честитки татковино, честитки до сите граѓани, порача Димитров.

Шпанскиот амбасадор во Вашингтон утре ќе го предаде оригиналниот инструмент на ратификацијата, по што Стејт департментот ќе ги извести сојузниците, а потоа од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе добиеме писмо и ние да го депонираме инструментот за ратификација. Откако Република Северна Македонија ќе го стори тоа и официјално ќе стане 30 земја-членка на НАТО.

Ова денеска го појасни шефот на дипломатијата Никола Димитров на прес-конференција посветена на официјализирањето на нашето членство во НАТО, откако шпанскиот Сенат вчера го ратификуваше Протоколот за пристапување на земјата во Алијансата, а потоа на него потписот го стави и шпанскиот крал.

– Ќе покажеме дека можеме да бидеме достојна земја членка, која заедно ќе го носи товарот и ќе може да ги ужива бенефициите од тоа членство. Честитки татковино, честитки до сите граѓани, порача Димитров.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот