ФОТО | Шокантни слики од легендарната актерка: Мелани Грифит со отворени рани на лицето

Мелани Грифит
Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Американската актерка Мелани Грифит пред неколку дена била уловена од фотографите, а со оглед на тоа дека успеале да ја фотографираат одблиску, на нејзиното лице може да се забележи голема лузна. Иако американските медиуми се обидоа да дојдат до актерката и да дознаат што ја предизвикало оваа состојба, никој од нејзиниот тим не одговарал на повиците.

Ни претходно не се знаеше зошто актерката Мелани Грифит има лузна на лицето, но сега има поголема рана на истото место, која изгледа свежо. На фотографиите видлива е раната на нејзиното лице, но модринките на прстите уште повеќе ги вознемирија фановите.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Инаку, Мелани претходно се бореше со ракот на кожата. На убавата актерка и претходно и приговараа поради нејзиниот изглед и естетските зафати, а беше мета на безброј негативни коментари. Затоа реши да зборува отворено за сѐ, велејќи дека по критиките го сменила лекарот, бидејќи и самата не била задоволна од резултатот.

„Не сфатив како изгледам додека луѓето не почнаа да велат: ‘О, Боже мој, што направи таа?!’. Тоа толку ме повреди што отидов кај друг доктор и почнав да ги решавам сите грешки што ми ги направи претходниот. За среќа, сега изгледам понормално“, изјавила Мелани во едно интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот