Шокантна глетка во малезиски трговски центар: По два месеци затворени мувлосал голем дел од производите (ФОТО)

Вработените во малезиските трговски центри после два месеци се вратија на своите работни места, а таму ги пречека непријатна глетка.

Поради фактот што вентилацијата и климатизерите во продавниците не работеле два месеци, уништени се кожни чевли, торби и многу други вредни предмети и парчиња мебел.

 Мувлата навлегла во стотици предмети во трговски центар во Малезија.

На својот фејсбук профил страшните фотографии ги објави и еден вработен во продавница за облека, каде може да се забележи штетата од мувлата која е буквално насекаде.

„Можам да ја отворам продавницата, но исто така нема поента. Производите се уништени откако беа оставени овие два месеци“, напиша Некс Незеум.

Погледнете ги сите фотографии од неговата вирална објава која е споделена 47 илјади пати:

Can open shop also no point…goods all damaged after being left in shop for 2 mths…?

Publiée par Nex Nezeum sur Dimanche 10 mai 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот