Шилегов: Казна од 70 евра за „Тик ток“ фраерот што возеше по велосипедска патека

Фото: Принтскрин

Попладнево во Скопје се случи уште еден инцидент, кога возач на авотмобил за да избегне колона со возила, продолжил да вози по велосипедската патека. 

По ова, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов,  вечерва објави дека идентитетот на возачот е откриен и тој е казнет. 

„Тик ток ‘фраерот’ што возеше по вело патеката на 8 Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено …“, напиша Шилегов на својот профил на Фејсбук.

Според информациите од записниците, се гледа дека казната од МВР за возачот е 20 евра, а казната од Град Скопје е 50 евра, со што вкупно возачот ќе треба да плати 70 евра казна за овој прекршок. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот