Шестмина повредени во тешка сообраќајна несреќа кај мостот на Сатеска во Струга

Фото: МВР

Вкупно шестмина се повредени, од кои двајца имаат тешки повреди, вчеравечер во сообраќајна несреќа до која дошло кога се судриле два автомобила кај мостот на Сатеска во Струга, соопшти МВР.

„На 13.05.2023 околу 22.30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга-Радожда, во близина на мост на реката Сатеска, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(34) од Струга и „автомобил Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(37) од с.Љубаништа, охридско. Во несреќата возачот Н.Ј. и неговата сопатничка А.Ј.(35) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот во истото возило, Т.П.(33) од селото Вевчани, И.Б., која го управувала возилото „Ауди“ и нејзините сопатнички С.Т.(29) и М.Н.(32), двете од Охрид, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо““, велат од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот