Шестмина мртви во операција на израелската армија во Западен Брег

Израелска армија / Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Најмалку шест лица загинаа при операција на израелската армија во Тулкарем, во северниот дел на Западниот Брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Сè уште не е познато дали загинатите се припадници на екстремистички групи.

Безбедносната ситуација на Западниот Брег, окупиран од Израел, се влоши откако Хамас на 7 октомври го нападна Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе. Терористите зедоа околу 240 луѓе како заложници.

Оттогаш, според Министерството за здравство во Рамалах, 216 Палестинци во Западен Брег се убиени во судири со израелските војници и нападите на израелските доселеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот