Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ сакаат Армијата да ја вратат во лошото старо замрзнато време

Со блокадата со 2.000 амандмани на измените во Законот за служба во Армијата и нивното законско решење, ВМРО-ДПМНЕ сакаат Армијата да ја вратат во лошото старо замрзнато време, во 2015 година, изјави во гостувањето на „Утински брифинг“, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Дпмне со овие чекори сакаат Армијата да ја вратат во лошото старо замрзнато време. Оти и таму ги замрзнаа работите. Армијата беше заборавена, немаше пари, немаше мотивација, немаше план што да прави. Тие сега сакаат со една блокада и еден таканаречен Закон да не вратат во 2015 година. Немаат нови идеи, единствена нивна нова идеја е ако може да се продолжи партизацијата на Армијата – вели Шекеринска.

Таа нагласува дека, мнозинството предложило закон за служба во армијата во кој буквално е ставена одредбата од законот за служба во полицијата, закон кој е донесен во 2014 година кога била ВМРО на власт.

– Сега тие што велат за полицијата треба да важи департизацијата, а војската може да се партизира. Контрастот помеѓу Армијата денес и во 2017 година е како небо и земја – истакнува Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот