Шекеринска: Целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да се подобри Законот, туку да се блокира напредокот

 Станува јасно дека целта не е да се подобри законот, туку да се блокира напредокот. Според неофицијалните информации кои ги добивам, се е блокирано за ВМРО-ДПМНЕ да го спаси едниот партиски војник и да продолжи политизацијата на Армијата, рече денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на поднесените 2.000 амандмани од страна на опозициската партија за законот за служба во Армијата кој е во собраниска процедура.

Уште еднаш се покажа, оцени Шекеринска, дека на зборот на ВМРО-ДПМНЕ навистина не може да му се верува.

Амандманите ќе бидат разгледани, подвлече министерката и изрази надеж дека сепак ќе надвладее разумот.

-Официјално уште не се достапни 2.000 амандамни поднесени од ВМРО-ДПМНЕ со кои оваа партија ги блокира позитивните решенија во Армијата. Претходно имаа речиси 4.000 дена некое од тие решенија да го вградат додека беа на власт. Една од политиките на подобрување на состојбата во Армијата не беше направена, а имаа 11 години на располагање. Сега обидите да се лицитира „сте дале едно, ние сакаме да дадеме два пати повеќе” е навистина несериозно, неодговорно и доаѓа од луѓе кои немаат кредибилитет пред припадниците на Армијата да зборуваат за грижа зашто паднале на испитот, ја маргинализирале, ја заборавиле и години по ред ги намалувале буџетите за неа, рече Шекеринска, одговорајќи на новинарски прашања по приемот на кинеската донација од 100.000 вакцини „Синофарм” во поликлиниката „Јане Сандански”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот