Шефот на турската дипломатија до Блинкен: Да се прогласи итен и целосен прекин на огнот во Газа

Ентони Блинкен - Фотографија ЕПА, Адам Дејвис

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Анкара истакна дека е неопходно да се спречи Израел да гаѓа цивили и да раселува луѓе во Газа и оти итно треба да се прогласи целосен прекин на огнот, јавува Анадолија.

Според информациите добиени од дипломатски извори, на средбата меѓу Фидан и Блинкен во МНР се разговарало за регионалните случувања, особено во Газа и билатералните односи.

Фидан нагласил пред својот американски колега дека „треба да се спречи Израел да гаѓа цивили и да ги раселува луѓето во Газа и дека веднаш треба да се прогласи целосен прекин на огнот“.

Во размената на мислења за ситуацијата во Газа, двете страни потврдија дека се согласуваат да се осигураат дека цивилите нема да бидат повредени и хуманитарната помош да се доставува континуирано и без прекин.

„Турција и САД се согласуваат за потребата да се спречат цивилни жртви во Газа, потребата од испорака на хуманитарна помош и решение за две држави, изјавил изворот, кој побарал да не биде именуван“, пренесува Анадолија.

Фидан му посочи на Блинкен дека бомбардирањето на цивилни цели и уништувањето на инфраструктурата во Газа е неприфатливо.

На средбата во Министерството за надворешни работи се разговарало и за процесот на проширување на НАТО, посебно за членството на Шведска, како и билатерални и регионални прашања.

Средбата меѓу Фидан и Блинкен и меѓуделегациската средба траеја два и пол часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот