Шефот на Самсунг куртули од обвиненијата за манипулација со акции

Ли Јае Јонг / Фото EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Директорот на Самсунг, една од најголемите технолошки компании во светот, нема да оди во затвор, јавува Си-Ен-Ен. Ли Јае Јонг беше обвинет за манипулација со акции и измама поврзани со контроверзното спојување на компаниите во 2015 година. Ослободителната пресуда е огромно олеснување за Ли, кој со години е во правни проблеми.

Минатата година, јужнокорејските државни обвинители побараа петгодишна казна за Ли за наводно надувување на цената на акциите на текстилната компанија Чеил и намалување на вредноста на градежната и инженерската компанија Самсунг пред спојувањето. Тие тврдеа дека спојувањето му овозможило на Ли да има поголемо влијание врз Самсунг Електроникс, каде тој е извршен директор. Адвокатите на Ли негираа какви било неправилности и нагласија дека спојувањето на компаниите му овозможило на Ли да стане постабилен.

Главниот судија во Сеул, Парк Јунг-Јае, рече дека нема доволно докази за да се докаже дека Самсунг намерно предизвикал загуби на неговите акционери. Се уште не е јасно дали обвинителите ќе се жалат на пресудата, што изненади многу адвокати.

„Ова е целосно шокантна пресуда“, рече Парк Сангин, професор по економија на Националниот универзитет во Сеул.

Тој додаде дека одлуката ќе доведе до пад на довербата на странските инвеститори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот