Шанса за Партизан: Слукас се раздели со Олимпијакос

Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Грчкиот кошаркар, Костас Слукас повеќе не е член на Олимпијакос, потврди неговиот клуб.

Слукас не се договори со Олимпијакос и ќе ја промени средината, а претходно се шпекулираше дека би можел да се пресели во српскиот гигант, Партизан.

„Ти благодариме на се што пружи во претходните три години и на твојот допринос и освоените пет трофеи, како и квалификацијаа на два фајнл-фор турнири во низа“, порача грчкиот клуб.

Кога се во прашање поврзувањата со Партизан, дополнителна причина е Жељко Обрадовиќ со кого Слукас соработуваше додека беше тренер на Фенербахче.

Во изминатата сезона, Слукас имаше просек од 10.7 поени по натпревар во регуларниот дел од сезоната и 14.6 во плеј-офот против Фенербахче, за во дуелите со Монако и Реал Мадрид во полуфиналето и финалето да му падне на седум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот