Шакира не губи време во изолација: Пејачката заврши курс на филозофија на познатиот Пен универзитет (ФОТО)

Instagram

Додека трае епидемијата со коронавирусот, пејачката Шакира одлучи да направи нешто корисно за себеси.

Музичката ѕвезда се пофали на Твитер дека завршила курс за древна филозофија на познатиот универзитет Пен.

Пејачката не го криеше воодушевувањето, па ја објави и дипломата која ја добила.

„Сега дипломирав на четиринеделен курс за древна филозофија на Универзитетот во Пенсилванија (Универзитетот Пен). Знам, моите хобиња се многу непрактични, но го искористив времето додека децата спиеја. Им благодарам на Платон и претходниците за целата „забава“ во изминатиов месец“, напиша Шакира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот