Шахпаска: Креираме законско решение кое ќе одговори на денешното современо време

Фото: Архива

„Работа од дома, работа од далечина, договорите на определено време, колективното договарање, работното време, новиот концепт на породилното отсуство се дел од измените со новиот Закон за работни односи на кои интезивно работиме изминатиов период. Креираме законско решение кое ќе одговори на денешното современо време, земајќи предвид дека последниот  Закон за работни односи е донесен 2004 година и оттогаш направени се бројни измени“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата „Што мисли Народот“ на Телевизија Стар.

Таа истакна дека драфт верзијата на Законот за работни односи  е завршена, следува јавна расправа во работната група која работеше на подготовка на ова законско решение, а потоа и поширока дебата со цел да се слушне мислењето и на работниците и на работодавачите. До крајот на годината ова законско решение треба да биде донесено.

Како дел од измените во Законот за работни односи, министерката Шахпаска го посочи и законското решение кое се однесува на договорите за работа кои престануваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж. Ова законско решение  ги изедначува жените и мажите и согласно Уставот не смее да се прави дискриминација по основ на пол и род. Меѓутоа, важечкото законско решение за  пензиско и инвалидско осигурување во членот 18, дава право на жените со навршени 62 години да поднесат барање за одење во пензија. Притоа,  исклучоци се предвидени во сферата на здравството и високото образование во наставно -научниот кадар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот