Севиља исфрли свој навивач од стадионот поради расизам

фото: EPA-EFE/JULIO MUNOZ

Шпанскиот фудбалски клуб Севиља исфрли навивач од својот стадион и поднесе полициска пријава поради „ксенофобично и расистичко однесување“ за време на натпреварот против Реал Мадрид во „Ла Лига“.

Во соопштението не прецизираше за какво однесување станува збор, ниту пак кој бил мета на нападот.

Од претходно е познато дека бразилскиот фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор во неколку наврати беше цел на расистички напади од страна на противничките навивачи.

Соопштението на Севиља беше објавено набргу по крајот на натпреварот со Реал (1:1).

Севиља рече дека „го осудува секое ксенофобично и расистичко однесување, дури и изолиран случај како овој, и ја изразува својата подготвеност да соработува со властите за искоренување на ваквите ставови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот