Северина се огласи од загрепскиот аеродром: Одам во Босна и Херцеговина, но не бегам од никого!

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Откако Врховниот суд  ѝ го одзеде старателството на Северина над нејзиниот 11-годишен син Александар, одлуката предизвика бурни реакции во јавноста, а хрватската пејачка со денови добива поддршка од бројни луѓе од јавниот живот.

Таа постојано се обраќа преку социјалните мрежи во врска со неправдата, а сега повторно се огласи на својот инстаграм-профил.

„Отидов во Босна и Херцеговина, како што сите ‘наши момчиња’ бегаат во Босна и Херцеговина. Но, јас не бегам од никого – изјавила Северина на видеото.

На крајот од видеото кажува „Ќе се вратам“ (I’ll be back), популарнatа фраза што ја изговори актерот Арнолд Шварценегер во филмот „Терминатор“.

Инаку, Северина ѝ покрај тешките моменти во приватниот живот, вечерва ќе одржи концерт во БиХ.

Во продолжение погледнете го видеото:

Ведрана Рудан со брутална колумна за Северина: „Вештерке, ти не си наша девојка“

Ведрана Рудан со брутална колумна за Северина: „Вештерке, ти не си наша девојка“

Судот во целост ѝ го одзема старателството на Северина: Ќе се борам до последната капка крв за моето дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот