Серхио Рамос барал помош од првиот човек на шпанскиот фудбал да биде избран за фудбалер на годината

Серхио Рамос/фото: EPA-EFE/JuanJo Martin

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос се најде во средиштето на скандалот кој го откри „Ел Конфиденсиал“, а кој претседателот на фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес безуспешно се обидуваше да спречи да биде објавен во јавноста.

Имено, „Ел Конфиденсиал“ објави аудио снимка од разговор направен во 2019 година неколку месеци пред избивањето на пандемијата на коронавирусот меѓу Рамос и Рубиалес во кој поранешниот капитен на Реал Мадрид бара да изврши притисок во ФИФА за тој да биде прогласен за фудбалер на годината за 2019 година.

– Добро вечер Руби, се надевам дека ти и семејството сте добро. Знаеш дека никогаш не сум барал од тебе, но денеска сакам да направиш нешто бидејќи ова за мене е специјална година поради резултатите што ги имав. Сакам да ми помогнеш на било кој начин, да притиснеш некое „копче“ во УЕФА и вашите контакти за Златната топка. Ќе ги бидам бескрајно благодарен, не само поради мене туку мислам дека и шпанскиот фудбал го заслужува тоа – му вели Рамос на првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија.

– Поздрав, Серхио. Ти честитам, мислам дека дека е ова е добра година да ја добиеш наградата. Тоа нормално не е на мене, но ќе ги помогнам на било кој начиќ – му одговара Рубиалес на Рамос.

Фудбалерот потоа вели:

– Знам дека не е до тебе, но врските се многу важни. Инфантино ја доделува наградата „Д бест“ што исто така би било супер. Сметам на твојата помош, а кога ќе можеш, да се видиме на вечера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот