Сензација во Рим: Алкараз елиминиран од 135. играч на светот

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Карлос Алкараз успеа да се врати на врвот на АТП листата, но тоа не му даде дополнителен мотив да продолжи со одличните игри.

Шпанскиот тенисер неславно го заврши учеството на годинашниот Мастерс во Рим, откако доживеа шокантен пораз од Фабијан Марожан од Унгарија, кој победи со 2:0 (6:3, 7:6).

Го добивме дефинитивно најголемото изненадување во италијанскиот главен град кое го направи режираше 135-тиот светски рекет.

Алкараз денеска не беше на посакуваното ниво, и секоја негова грешка ја користеше противникот кој го играше својот најдобар тенис и ја забележа една од најголемите победи во кариерата.

Во осминафиналето Марожан го чека Борна Ќориќ кој со 2:0 во сетови го победи Роберто Карбаљес Баена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот