Секој втор член на ЛГБТИ-заедницата во Србија се соочува со физичко и психичко насилство

Фото: Profimedia

Понижување и омаловажување, неприфаќање на различноста, психичко и физичко насилство и исклучување од заедницата. Повеќе од 80 отсто од анкетираните припадници на ЛГБТИ-заедницата ги наведуваат овие причини како најчести облици на дискриминација со која се среќаваат во секојдневниот живот во Србија, пренесе српски „Блиц“.

Секој втор член на ЛГБТИ-заедницата барем еднаш во животот претпрел некаков вид на насилство. Од страв, речиси ниту една жртва никогаш не поднела пријава до надлежните органи. Повеќе од третина од анкетираните припадници на ЛГБТИ-заедницата во соседна Србија не се чувствуваат заштитено, пред сѐ на улиците и на јавните простори, додека една четвртина како најзастапен облик на насилство го истакнале сексуалното.

Овие заклучоци ги покажува ова истражувањето на темата „Ставовите на ЛГБТИ-заедницата кон насилството, дискриминацијата и достапноста на услугите“, а чии резултати беа претставени на отворената панел-дискусија во организацијата на граѓанско здружение кое дава поддршка за оваа заедница.

– Нашето ново истражување на односот на граѓаните и граѓанките кон дискриминацијата покажува дека социјалната дистанца кон ЛГБТИ-личностите е релативно голема, дека тоа дури и се смета за нешто модерно и дека со време можеби тоа ќе помине. И понатаму владее оној став: немам ништо против нив, сѐ додека тоа го прават во своите четири ѕида – констатираше една панелистка на овој настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот