Секое трето училиште во светот нема пристап до вода за пиење, велат од УНЕСКО

Училиште во Африка/ Фото: Robert Harding Productions / robertharding / Profimedia

Речиси секое трето училиште во светот нема пристап до чиста вода за пиење и основни санитарни услови, се вели во соопштението на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). Учениците подобро учат во безбедни и здрави училишта, изјави директорката на УНЕСКО Одри Азулеј.

Сепак, многу училишта сè уште ги немаат потребните капацитети за здравјето на учениците, рече таа. Затоа УНЕСКО апелира до меѓународната заедница да ги поддржи земјите кои не можат да обезбедат такви услови. Според податоците, речиси 584 милиони деца во моментов имаат само ограничен или никаков пристап до чиста вода за пиење и санитарни услови. Околу 40 отсто од нив живеат во субсахарска Африка.

УНЕСКО наведува дека мерките за здравјето и исхраната на учениците доведуваат до тоа децата почесто да доаѓаат на училиште и да престојуваат таму. Само редовните оброци во училиштата веќе ја зголемија стапката на упис во училиштата за 9 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот