Седум годишно момче со прекрасен гест ја разнежни кралицата Елизабета Втора додека е во изолација! (ФОТО)

ЕПА

Млад обожавател на кралицата Елизабета Втора смислил паметен начин како да ја усреќи и забави кралицата за време на изолацијата. Всушност, смислил сложувалка која требала да послужи како забава со која кралицата ќе си го пополни времето, а изгледа дека успешно ја исполнила функцијата.

Во разговор за BBC, Џо Мадерс, мајкатана 7-годишниот Тимоти кој ја смислил „кралската сложувалка“, рекла дека нејзиниот син не сакал кралицата да биде осамена за време на изолацијата во дворот Виндзор.

„Малку се загрижив дека таа може да се чувствува тажно“, рекол Тимоти за BBC зборувајќи за тоа каде ја пронашол инспирацијата за правењето на оваа игра посветена на кралицата.

Неговата сложувалка вклучувабарање поими кои се поврзуваат со среќа, а тоа дека направил добра работа го потврдува и фактот што брзо потоа му стигнал одговор од кралскиот дворец, пренесува Инсајдер.

„Кралицата сакаше да ви напишам и да ви се заблагодарам на вашето љубезно писмо и на сложувалката која посебно сте ја смислиле за Нејзиното Височество. Вашата иновативност се цени исклучително многу, а Кралицата се надева дека и вие внимавате на себе и добро се грижите во оваа ситуација“, пишува во писмото кое го добило момчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот